Помпео: Убиството на Сулејмани е дел од новата стратегија на САД

176
ФОТО: EPA / MAURICIO DUENAS CASTANEDA

Амриканскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека Касем Сулејмани е убиен во рамките на пошироката стратегија за одвраќање на заканите што претставуваат непријателите на САД, а која се однесува и на Кина и на Русија, ублажувајќи ги на тој начин тврдењата дека највисокиот ирански генерал е убиен бидејќи планирал напади на цели во САД.

Помпео оддржа говор во Хуверовиот институт на Универзитетот Станфорд во кој изрично ги спомена нападите кои наводно ги планирал Сулејмани.

Во говорот насловен „ Повторно воспоставување на одвраќањето: Ирански пример“, Помпео се фокусира, на како што кажа, стратегијата на администрацијата да воспостави „реална политика на одвраќање“ кон Иран по претходните демократски и републикански политики кои влијаеле на „лошите активности на Иран“.

Демократите и републиканците ја критикува администрацијата за оправдување на самоодбраната која се темелеше на необјавени разузнавачки податоци за закани. Претседателот Доналд Трамп рече дека меѓу потенцијалните цели на овие напади биле четири американски амбасади.

Министерот за одбрана Марк Еспер во неделата кажа дека не видел никакви разузнавачки податоци што би упатувале на можни напади врз амбасадите.

Трамп вчера повторно долеа масло на огнот изјавувајќи дека „всушност не е ни битно“ дали Сулејмани претставувал закана.

Помпео кажа дека зад убиството на Сулејмани, командантот на елитните ирански единици „Кудс“, се крие „поширока стратегија“.

-Претседателот Трамп и ние во неговата екипа за национална безбедност повторно ја воспоставуваме политиката на реално одвраќање на Иран – кажа Помпео.

„САД сега имаат голема предност во однос на Иран, најголемата што било кога сме ја имале“, рече тој потсетувајќи на штетата која на иранската економија и ја нанесоа санкциите кои Трамп повторно им ги воведе откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година.

-Важноста на одвраќањето не е ограничена само на Иран, нагласи Помпео. „Во секој случај мораме да го одвраќаме непријателот за да ја одбраниме слободата. Тоа е сета смисла на инсистирањата на Трамп нашата војска да ја направи посилна од било кога порано – рече тој.

ФОТО: EPA / MAURICIO DUENAS CASTANEDA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...