Помпео: Поддршка за лидерството на Грција со постигнатиот Договор од Преспа

689
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари средба со Јоргос Катругалос, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, при што уште еднаш ја изрази силната поддршка на САД за лидерството на Грција со постигнување на Договорот од Преспа и негова натамошна имплементација.

Помпео и Катругалос синоќа во Стејт департментот го започнаа американско-грчкиот стратешки дијалог, каде ја реафирмираа посветеноста за продлабочување на соработката во клучните области во интерес на двете земји.

Помпео го истакна значењето на Грција како столб на стабилноста во Источниот Медитеран и на Балканот и ги поздрави грчките придонеси како сојузник на НАТО.

– И честитаме на Грција за излез од меморандумот за финансиска помош. Ја има сета наша поддршка за економска обнова на земјата – изјави Помпео.

На средбата е потврдена и согласноста за заеднички напори за промовирање на стабилноста и развојот во Источен Медитеран и на Балканот.

Двете страни, исто така, ги разгледаа тековните инвестиции во инфраструктурни проекти во Западен Балкан, но и разговараа за континуираните предизвици со бегалците и имигрантите во Европа, при што САД истакнаа дека продолжуваат да даваат максимална поддршка околу тоа.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...