Помпео: Борбата со корупцијата ви е клучна за ЕУ и НАТО!

410

Да се справите со корупцијата е клучно за вашето пристапување кон ЕУ и НАТО, порача државниот секретар на САД, Мајкл Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.

– Како светски лидер во демократијата, Америка поддржува земји кои се цврсто посветени на владеењето на правото. Ги поздравуваме чекорите кои вашата Влада ги презема да се бори против корупцијата и секого кој ја злоупотребува положбата довербата на јавноста. Борењето против корупцијата е клучно за вашето пристапување во ЕУ и НАТО, но уште поважно е да демократијата и вашиот народ – рече Помпео.

Тој изрази уверување дека Сенатот на САД ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, а ги поздрави и договорите со Грција и Бугарија.

Зборувше и за лажните вести, а не го заборави ниту руското влијание.

– Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија мора да ја водат вашата земја напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми – порача државниот секретар.

Ова е прва посета на државен секретар на САД по 2001-та, се потсети Помпео откако претходно се пошегува дека се надева дека американските дипломати во земјава – 61 на број, сега имаат мебел за разлика од 1994 кога се воспоставени дипломатските односи.

– Одлично е да се биде тука. Многу зборуваме за тоа како овој регион и оваа земја им се важни на САД, но едно е да се зборува за тоа, друго е кога ќе го манифестираме тоа со доаѓање тука – порача Помпео.

Премиерот Зоран Заев, пак, се заблагодари на поттикот и поддршката од САД за членството во НАТО и порача оти очекува наскоро добри вести и од САД за протоколот за пристапување.

Тој зборуваше за слободата на медиумите, но посочи и оти се цврсто решени за борбата против лажните вести.

Уште еднаш повтори дека до 2024 година, земјава ќе одвојува два отсто од буџетот за одбраната, а во говорот се осврна и на економијата.

– Нашиот фокус е ставен на економијата. Северна Македонија е уникатна земја нема отворени билатерални прашања со ниту еден сосед. За десетина дена ја очекуваме долгоочекуваната вест од Брисел, отворање на преговорите. Вервувам дека тоа ќе влијае позитивно врз целиот регион – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...