Македонски спасувачки екипи пристигнаа во настраданите подрачја од разорниот земјотрес, а противпожарни возила, возила за итна медицинска помош, лекари, специјалисти и друга помош од Македонија е на пат кон Албанија.
Овие снимки ги направи екипата на ТВ21 на автопатот во Косово.
Претходно во раните утрински часови веќе пристигна еден тим од пожарникари.
Владата одвои 100 илјади евра парична помош, како и општина Чаир, но и Црвен Крст, кој отвори и жиро сметки и телефонски броеви за донации.
Градоначаникот Петре Шилегов на Фејсбук објави дека екипите на скопската противпожарна бригада стасале.
– Македонските спасувачки екипи пристигнаа во Драч и се ставени на располагање на надлежните служби во Албанија. Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи. Сликите од Драч се стравични – напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој ги објави и првите фотографии од македонските спасувачи во Албанија.
ВИДЕО: ТВ 21