Помошникот-генерален секретар на НАТО Антонио Мисироли денеска ќе престојува во посета на Собранието при што ќе има средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери.
Како што соопштија од собраниската прес-служба, Мисироли за време на престојот, ќе го посети одделот за справување со новите безбедносни предизвици.