Поминаа измените на Изборниот законик, Дебар и Маврово – Ростуше се селат од „шестката“ во Петтата изборна единица

3528

Пратениците утринава со 75 гласа „за“ го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Во последен момент во измените на Изборниот законик влезе и промената на гласачки места во Петтата и Шестата изборна единица, на барање на ДУИ. Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од Шестата во Петтата изборна единица.

Претходно по  речиси шест часа расправа пратениците ја разрешија Рашела Мизрахи од функцијата министер за труд и социјална политика.

За недела на пладне е најавена седница за распуштање на Собранието, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...