| Вести денес: 0

Поместено поместувањето на часовниците за 2020 година

3461

Иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март, укинувањето на полугодишното поместување на часовниците ќе стапи на сила од 2020 година, реши Одборот за индустрија, истражувања и енергетика на Европскиот Парламент, кој денеска го усвои законодавното мислење за предлог директивата за укинување на полугодишното поместување на часовниците.

Сепак, Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените , кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020.

– Поради низа потенцијални проблеми, со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020.

Во последната анкета, дури 84 отсто од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час нанапред или наназад на часовниците два пати годишно .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...