Возачот на Ферари, Кими Раиконен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Италија во Формула 1 шампионатот.
На крајот на квалификациите Раиконен го извози најбрзиот круг за рекорд на патеката и прва пол-позиција за Ферари во Монца од 2010 година.
Зад него, заврши клупскиот колега Себастијан Фетел, Тандемот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе стартуваат од вториот ред, а по нив Макс Ферстастапен од Ред Бул.
Пред утрешната трка закажана за 15.10 часот, во генералниот пласман, Хамилтон води со 231 поен, Фетел има 214, Раиконен 146.