Полумаратон во Маврово во рамки на Beach Run 2018

112

Летната серија трки на плажа Beach Run 2018 продолжува утрово на брегот на Мавровското Езеро каде ќе се трча полумаратон. Покрај полумаратон, во Маврово ќе се одржи и трка на пет километри. Стартот е во 10 часот на паркингот во Маврово, а ќе се трчаат четири кругови во правец на Леуново и назад.

После првите три трки во Скопје, Претор и Дојран,  на претпоследна трка во Маврово досегашниот формат од пет трки на пет километри се менува со воведување и на еден полумаратон и една трка на 10 километри, со која летнат лига ќе заврши следниот викенд во Охрид.

Серијата Beach Run го става трчањето во контекст на плажата и можностите за спорт и рекреација што таа ги нуди. Токму затоа во серијата се застапени петте најпопуларни дестинации покрај вода во Македонија. Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.

Во трките кои се дел од серијата Beach Run 2018 може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

Организатор на настанот е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје во соработка со локалната самоуправа и со поддршка на деловната заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...