Томас Маркл Јуниор (53), полубратот на Меган Маркл (38), тврди дека останала без кров над глава, без работа и многу пријателства поради своето презиме, пишува „Дејл мејл“. Тој рекол дека презимето му отежнува да најде работа.
– Тоа што сум ѝ брат на Меган речиси ме уништи – рекол Томас, кој морал да се пресели кај мајка му во Ново Мексико, бидејќи повеќе немал каде да живее.
– Бездомник сум и можев сега да бидам под мостот со натпис на картон и да просам пари. Се наоѓа на кралскиот пијадестал и гледа што се случува со нејзиното семејство… Би требало да биде похуманитана кон нас – рекол полубратот на Меган.
Томас не ја поддржува одлуката на Меган да се пресели во Канада, но рекол дека на крајот сè се сведува на „двајца вљубни кои сакаат да го живеат својот живот“.
– Мислам дека кралската титула е едно од најголемите можни постигнувања во текот на животот – рекол Томас.