Полски амбасадори до Трамп: Извршете притисок врз нашата Влада

182
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Десетици поранешни амбасадори на Полска упатија отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое го повикуваат за време на претстојната посета да изврши притисок врз владата за поголемо почитување на човековите права и да запре со кршење на Уставот.

„Господине Претседател, доаѓате во земја во која владеењето на правото повеќе не се почитува “, наведува во писмото Конференција на амбасадори на Република Полска, истакнувајќи дека демократијата во Полска е загрозена.

Трамп, заедно со околу 40 други светски лидери, в сабота ќе присуствува на церемониите во Варшава по повод 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна кога нацистичка Германија ја нападна Полска на 1 септември 1939 година.

Поранешните амбасадори во писмото тврдат дека веќе неколку години не се почитува Уставот, дека е загрозена поделбата на власта и независноста на судството.

Тие исто така велат дека човековите права сè помалку се почитуваат, и дека владата не само што толерирала, туку и поттикнувала репресијата над политичките противници и различните малцинства.

„Вашиот силен глас кој повикува на толеранција и взаемно почитување, како и почитување на уставните одредби и други закони, би можел да има историско значење“, му порачаа поранешните полски амбасадори на Трамп.

Конференцијата на амбасадорите, формирана е во 2017 година, две години откако дојде на власт партијата Правда и прави, и составена е од 41 поранешен полски амбасадор.

ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...