Полските навивачи заработија казни од по 150 евра

233

Полските навивачи заработија казни од по 150 евра за меѓусебната пресметка во Градскиот парк во Скопје. Приведени беа 223 навивачи, а казната се однедува за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

– Повеќе навивачи се казнети со по 150 евра. Пасошите им беа одземени додека не ја платат казната, а потоа им беа вратени. Станува збор за странски државјани неосудувани во земјава и тоа беше земено како олеснителна околност. За вакво дело не се добива забрана за влез во земјава, се вели во информацијата од Основниот суд Скопје 1.

Во петокот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи се степаа, по што беа приведени 223 лица и со автобуси однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...