Полска нема пари за програмата „Чист воздух“

Полскиот премиер Моравецки најави дека за во следните десет години за замена на застарените печки ќе се издвојат 103 милијарди злоти.

190

Полска е, како што е познато, најзагадена земја во Европската унија. Кон средината на годината што измина, полската влада донесе план за борба против смогот и за замена на старите печки на јаглен со модерни котли на цврсти и горива на гас. Статистичките податоци се морничави: секоја година, од загаденоста, во Полска умираат повеќе од 45 илјади луѓе, а како главен причинител за тоа се посочуваат домашните печки на јаглен.

Полскиот премиер Моравецки најави дека за во следните десет години за замена на застарените печки ќе се издвојат 103 милијарди злоти. Парите ќе се обезбедат од фондот за заштита на животната средина и од други извори, при што најмногу се смета на фондовите на Европската унија. Со програмата за чист воздух се предвидуваат субвенции за вградувањето на модерни уреди за греење.

Од септември минатата година до денес поднесени се 23,5 илјади барања за субвенции. Некои чешки медиуми и портали објавија дека во буџетот нема средства за оваа намена и дека спомнатите 103 милијарди злоти, како што пишува сајтот на ,,Виборча”, се повеќе облик на политичка декларација без вистинска финансиска покриеност.

За 2020 година се предвидуваат најмногу 2,5 милијарди. Но, тогаш ќе искрснат уште поголеми проблеми. Во прелиминарните разговори, Полјаците добиле јасна порака од Европската комисија  дека во иднина ЕУ не планира да финансира или да субвенционира замена на домашните котли со оние што ќе користат фосилни горива – вели за ,,Биборча” ополномоштеникот на премиерот Моравецки за програмата ,,Чист воздух”.

Претставници на Европската комисија и на Светската банка доаѓаат во Варшава секои две-три недели, барајќи, заедно со своите домаќини, решение за овој голем проблем. Тие веќе најавија дека ако се бара поддршка на програмата ,,Чист воздух” не може да се смета на субвенции за модерни котли за јаглен. Тоа не е во согласност со политиката на ЕУ која сака целосно оттрегнување од фосилните горива, како и со директивите на ЕУ за енергетска ефикасност на зградите, што подразбира дека ниту една куќа во Европа до 2050 година не може да црпи енергија од нив.

Во преговорите со претставниците на Европската комисија Полјаците посочуваат на фактот дека во оваа земја 70 отсто од куќите (околу 3,5 милиони) се загреваат на јаглен и дека засега фосилните горива се основен извор на топлотна енергија за семејните куќи, а одбивањето на европското финансирање за замена на старите котли и отежнува на Полска да се бори со сомогот.

Сепак, се говори дека Европската комисија е склона да одобри субвенции за старите котли, но ќе го промовира финансирањето на еколошките извори на топлина, какви што се топлотните пумпи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...