Половина година робија за напаѓачот на новинарската екипа на А1oн

818

Основниот суд го прогласи за виновен и му одреди затворска казна во траење од шест месеци на Матија Каников, лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он за време на протестите на „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година.

Судијката Марија Клетничка Марковска напомена дека при донесување на одлуката предвид се земени сите олеснителни и отежителни околности.

Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложи над 1 час видеоматеријали и фотографии како докази за делото.

Оштетените претходно во постапката се изјаснија дека се приклучуваат кон материјално побарување.

Осудениот Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...