Полиција упадна во „Дојче банк“ ВИДЕО

1055

Околу 170 полицајци упаднале во седиштето на најголемата германска банка, „Дојче банк“ во Франкфурт поради сомнеж за перење пари.

Полицијата по налог на обвинителството го претресува седиштето. Обвинителите сомничат двајца вработени на банката дека на своите клинети им помагале да исперат пари стекнати со нелегални активности и им помагале на клиентите да ги префрлат парите на офшор сметки.

Во операцијата се вклучени околу 170 полицајци и инспектори. Истрагата е поттикната од откривањето на Панама документите во 2016 година, кога беше објавено огромно количество информации од една од најтаинствените светски компании, панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“.

Скандалот го разоткри работењето во даночните оази. Истекоа информации за голем број документи кои покажуваат како во текот на речиси 40 години се злоупотребувале офшор компании со цел перење и криење пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...