Полиција сопрела „опел корса“ товарена со дрва, возачот побегнал

317

На локалниот пат Маркова Сушица-село Цветово, скопско, вчера околу 11.30 часот, полициски службеници забележале патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни дрва, а го управувало непознато лице.

Полициските службеници дале знак за запирање на возилото, по што возачот излегол и пеш побегнал во непознат правец, по што возилото било обезбедено. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...