Познат 62 годишен рецидивист вчера дури два пати е уловен како вози под дејство на алкохол, прво во утринските часови со 1,46 промили, и вечерта со 1, 95 промили и без возачка дозвола, во Хрватска.
Полицијата првиот пат човекот го запрела при редовна сообраќајна контрола.
Бидејќи станува збор за лице кое и претходно е казнувано, полицајците поради опасност од нови прекршоци го привеле и го однеле на лекарски преглед, а потоа и во станица каде му ја одзеле возачката дозвола.
Откако го пуштиле 62-годишникот истиот ден во 20.50 часот полицијата го затекнала како вози пијан и без возачка дозвола.
Возачот повторно е уапсен.