Полицијата ја гони манекенката која тврдеше дека ја силувал Нејмар

Нажила Триндаде на полицијата во Сао Паоло ѝ рекла дека инцидентот се случил во мај во еден хотел во Париз.

318

Манекенката Наиле Триндаде и нејзиниот поранешен сопруг Естивенс Алвеш се обвинети дека ја лажеле полицијата и се обиделе да го уценуваат фудбалерот, јавуваат британските медиуми.

Алвес е обвинет за откривање еротска содржина, која беше објавена на Интернет.

Нажила Триндаде на полицијата во Сао Паоло ѝ рекла дека инцидентот се случил во мај во еден хотел во Париз.

Нејмар ги негираше тврдењата и рече дека нивниот однос бил консензуален.

Случајот беше отфрлен кон крајот на јули, а полицијата соопшти дека нема докази против 27-годишниот Бразилец.

Обвинителството во Сао Паоло навело дека Нажила Триндаде не презентирала ниеден доказ за кои тврдела дека ги има, дека единствената повреда е забележана на нејзиниот прст и дека медицинските записи не можат да докажат дека е силувана.

FOTO: Tviter/Printskrin

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...