Полицијата распореди сили околу главниот град на Украина, додека екстремно десничарски и националистички групи се собираат во знак на протест против претседателот Володимир Зеленски и неговиот мировен план за источна Украина.
Со една минута молчење пред споменикот во Киев, Зеленски им оддаде почит на Украинците убиени во петгодишниот судир со сепаратистите поддржани од Москва.
Украинскиот претседател треба да ги посети и воените сили на исток.
Властите очекуваат десетици илјади луѓе на демонстрациите на националистите кои го одбележуваат Денот на одбрана на татковината.
Зеленски ги повика учесниците да избегнуваат насилство и предупреди на потенцијални провокации.
Демонстрантите се против договорот за локални избори во источна Украина, и стравуваат дека со тоа и се даваат премногу отстапки на Русија