Полицијата само вчера во Скопје фати десет возачи кои немаат положено

201

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Санционирани се 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај десет лица пред да се стекнат со право на возење, како и 11 нерегистрирани возила, две со претовар и едно технички неисправно.

Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 59 возила.

Шестмина возачи поминале крстосница на црвео светло, петмина не носеле сигурносен појас, 11 зборувале на мобилен, двајца се престроиле неправилно.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во СУГС „Сарај“ во општина Сарај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...