Полициски службеници од Струга вчера при претрес во стара куќа сопственост на 76-годишниот В.К. од с.струшкото село Велешта, пронашле десет гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“.
МВР информира дека пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.