Полицијата привела неколку лица за случајот со пронајдениот женски труп спакуван во црна вреќа покрај патот кон скопското село Горно Оризари, посочуваат извори од истрагата.
Станува збор за жена од Скопје, надлежните имаат информации и за можните мотиви, но во моментов повеќе детали не се соопштуваат во интерес на истрага.
Очекувањата на истражните органи се дека случајот ќе се расчисти за кратко време.
Женскиот труп во понеделникот попладне го пронајде Скопјанец додека работел на нива. Телото било во црна вреќа фрлена покрај патот по што веднаш пријавил во полиција, а обвинител нареди обдукција.