Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

1467

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по еден човек.

Како што велат, засега немаат налог за да влезат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но кога ќе добијат веднаш ќе влезат.

Претходно вечерва, полицијата влезе во станот на експремиерот Никола Груевски, но не го најде таму. МВР по налог на кривичниот суд распиша национална потера за Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...