Полицијата пак со гумени куршуми и солзавец врз демонстрантите во Хонг Конг

36
ФОТО: EPA / JEON HEON-KYUN

Полицијата во Хонг Конг употреби гумени куршуми и солзавец во судирот со продемократските демонстранти, јавија  британските медиуми.

Според нив, полицијата ги отстранила демонстрантите од метро станиците Монг Кок и Принц Едвард, а едно лице е изнесено на носилка со маска за кислород. Две лица се хоспитализирани, но се наоѓале во стабила состојба.

Полицијата и демонстрантите често влегуваат во судири на метро станиците низ градот во текот на тримесечните протести што доведоа до најголемата криза во Хонг Конг откако Велика Британија во 1997 година и ја предаде власта на Кина.

Протестите се уште не ја губат својата сила, претставувајќи  директна закана за властите во Пекинг.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, минатата недела изјави дека има „многу, многу ограничени“ можности за завршување на кризата која дојде до „национално ниво“, со што алудираше на властите во Пекинг, пренесоа британските медиуми.

ФОТО: EPA / JEON HEON-KYUN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...