Полицијата не дозволи „Македонија блокира“ да се приближи до домот на Канческа Милевска ФОТО

4382

Полицијата вечерва спречи демонстранти од иницијативата „Македонија блокира“ да се приближат до домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска во скопско Пржино.

Демонстрантите пуштаа народни песни и извикуваа „Македонија, Македонија“.

Тие бараа Канческа Милевска да се помири со граѓаните.

Во минатата недела „Македонија блокира“ протестираа пред домовите на пратениците кои ги поддржаа уставните измени Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...