Полицијата не го најде Груевски дома

827

Полицијата вечерва втор пат се обиде да го пронајде поранешниот премиер Никола Груевски во негоиот дом за да го спроведе во затворот во Шуто Оризари за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но не го најде. Овој пат, тоа беше направено без присуство на новинари и сниматели.

Полициска екипа прв пат го побара Груевски во неговиот стан вечерва околу 18,30 часот, но тогаш никој не им отвори.

Тоа следува по распишаната потерница од МВР на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок. Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Во меѓувреме, МВР на веб страницата објави потерницата со фотографија од Груевски.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.
Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...