Полицијата на влезот на Струмица откри шверц на 17 мигранти од Бангладеш

390

Полицијата вчера открила обид за нелегален шверц на мигранти од Бангладеш, сооопшти СВР Струмица.

На влезот на Струмица, на регионалниот пат од Валандово, полицијата запрела три возила со кои управувале 29-годишен маж од село Никуштак, 21 и 25 годишни момчиња од Скопје.

При преглед, биле пронајдени 17 лица од Бангладеш.

Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...