Полицијата начекала малолетници како пијат алкохол по полноќ

599

Полицијата изминатиов викенд во акција низ Тетово и Гостивар открила малолетници кои престојувале и конзумирале алкохол во неколку угостителски објекти по 24 часот.

Според СВР Тетово, полициски службеници спровеле акциска контрола за откривање и законско санкционирање на угостителите кои овозможуваат престојување на малолетници по 24 часот и послужување со алкохолни пијалаци, во 11 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-5), лоцирани во централните подрачја на Тетово и Гостивар.

Во еден тетовски објект на улицата Илинденска затекнати биле три женски малолетни лица кои конзумирале алкохол, додека во три гостиварски објекти на улицата Живко Брајковски и Беличица затекнати се 14 малолетници кои престојувале по 24 часот, а четири од нив конзумирале и алкохол.

По целосното расчистување на сите поединости ќе следуваат соодветни поднесоци против сопствениците на угостителските објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...