Полицијата конечно го уапси крадецот во Охрид

505

Против 30-годишниот охриѓанец Б.Т. Секторот за внатрeшни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“ .

Како што соопшти МВР, пријавениот кражбите ги сторил во периодот од јули до ноември, годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и соодветен алат.

– По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист  од 369.121  денари – наведуваат од МВР.

Лицето е лишено од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...