Полицијата ги пронајде двајцата малолетници, кои избгаа бидејќи сакале да живеат заедно.
Станува збор за момче од Велес и девојка од Куманово на возраст од 15 и 14 години.
Во саботата вечерта во 22 часот во полициската станица Куманово таткото на девојчето пријавил дека неговата 14–годишна ќерка се одалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во полициската станица Велес, таткото на момчето, пак, во велешката полиција пријавил оти околу 19 часот во неговиот дом дошло токму пријавеното девојче од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот 15-годишен син. Девојчето и предходно повеќе пати доаѓало кај нив.
Како што појасни портпаролотна СВР Велес Верољуб Додевски, двете деца му кажале на таткото дека сакаат да живеат заедно.
-Тој им рекол дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. Потоа, тие излегле од домот и заминале во непознат правец – информира Додевски.