Полицијата го чува Груевски, но нема да го апси без налог

4997
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

На Никола Груевски како поранешен премиер, според законот му следува 24 часовна државна заштита од шестмина телохранители вработени во МВР. Но, Судот викендов не побарал асистенција од СВР Скопје за да го најде осуденикот. Полицијата, според процедурата, без налог на судот нема да го бара Груевски. Тоа значи дека воопшто нема ни да ги прашува шестмината вработени во Шестата управа на МВР кои го обезбедуваат како експремиер, каде е, зошто не е најден дома, дали им избегал и слично, додека Кривичниот суд не даде налог за такво нешто, пренесува СДК.

Експремиерот не се појави на Комисијата за уставни измени, а го нема ниту во затворот во Шуто Оризари да ја одржува казната, за која бараше одложување поради, неофицијално, пратеничките обврски на седниците за уставните измени.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...