Седиштето на медиумската куќа „Ју ес тудеј“ беше евакуирано вчера попладне, откако полицијата одговори на дојава за вооружен маж во зградата. По огласувањето на алармот, пристигнаа повеќе полициски возила, но се утврди дека тревогата била лажна.
По дојавата, во близина на зградата на американскиот весник во Вашингтон, забележани се припадници на специјалните единици како патролираат, а над небото кружеше хеликоптер.
Локалната полиција на Твитер соопшти дека не се пронајдени докази за какво било насилство или повредени.