Во вооружената престрелка што се случила во 2.20 часот на улицата 29 Ноември во Тетово со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата.
Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА изјави дека веднаш по пријавата на терен се излезени екипа од СВР Тетово и од Јавното обвинителство и оти од местото на настанот подигнати се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури.
На местото на настанот пронајдено е и патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички.
Се работи за целосно расчитување на случајот.