
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 05 часот од страна на Oдделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.
„Вкупно се контролирани 304 возачи. 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“ соопштија од МВР.
Ова е драстично намалување, ако се земе предвид дека во акциските контроли кои станаа традиција за викенди, полицијата откриваше и над 200 појани возачи.