Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваат по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен директор Дејан Пројковски ја злоупотребил службената должност, вршел сомнителни јавни набавки и ненаменски потрошил средства во висина на 150.000 евра.
Под истрага е и наследникот на Пројковски, кој му потпишал решение за вработување и распределба на уште едно работно место, а полицијата ги побарала и тие документи. Решението за работното место режисер, односно распределба што не ги поминала правните регулативи, за Пројковски го потпишал Драган Спасов – Дац.
МВР во моментот ги прибира и ги анализира документите и во интерес на истрагата до првичните сознанија нема да споделува информации со јавноста.