Полициско возило удрило во малолетник во Скопје, завршил со тешки повреди

406

Полициско возило удрило во малолетник во Скопје, тој се здобил со тешки повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 11.35 часот после кружниот тек од улиците Коста Новаковиќ и Ангел Димовски, патничко моторно возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“- велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...