Полициски синдикат тврди дека во МВР се врши незаконско прераспределување на вработените

Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во МВР денеска донесовме заклучок гласот да допре до сите надлежни институции, а посебно до Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство за да се спроведе ревизија и истрага за сите досегашни донесени решенија од актуелното раководство во МВР за прераспоредување и унапредување во Министерството., велат од НСП.

304

Независниот синдикат на полицијата (НСП) тврди дека во континуитет продолжуваат притисоците и заканите за преместување на нивните членови од работните места во МВР, како и притисоците за напуштање на членството во синдикатот и кон највисоките структури на НСП и бара од премиерот „метлата“ да заигра во МВР.

– На почетокот сметавме дека ваквите притисоци се одговор на инсталации кои не сакаат позитивни промени во Министерството, но од денешна гледна точка се повеќе сме свесни дека целта е растурање и целосно контролирање на Синдикатот. За ова повеќе пати апелиравме, но се уште се водат неосновани постапки против нашите претставници со притисоци од страна на највисоките структури спрема НСП кои продолжуваат, а не запираат и притисоците за отчленување на наши членови – рече портпаролот на НСП Дејан Саздов на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека веќе се донесени правосилни судски одлуки во корист на нивните членови кои неправилно биле преместени од своите работни места и праша зошто МВР не постапува по судската пресуда и се оградува од барањата на НСП за репрезентативност. Побара од МВР да одговори на нивното барање за репрезентативност во спротивно најави дека Министерството ќе се соочи со кривична одговорност.

–  Од премиерот бараме „метлата“ да заигра по доставување на доказите за незаконско работење и постапување на актуелното раководство на МВР и правдата да биде задоволена, а дадениот збор одржан. Одговорност во највисокото раководство на МВР мора да има – потенцира Саздов.

Тој посочи дека во последно време со невиден притисок од највисоките структури во МВР се соочува и генералниот секретар на НСП.

– Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во МВР денеска донесовме заклучок гласот да допре до сите надлежни институции, а посебно до Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство за да се спроведе ревизија и истрага за сите досегашни донесени решенија од актуелното раководство во МВР за прераспоредување и унапредување во Министерството. Правдата ќе ја бараме и ќе ја истераме до крај. Ако не постапи МВР ќе го известиме евроамбасадорот, народниот правобранител, како и европските и светските синдикати – рече Саздов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...