Полициски придружник на Кејт и Вилијам со мотор удрил во старица (ВИДЕО)

254

Осумдесет и тригодишна жена е повредена во сообраќајната несреќа во која учествувала полициската придружба, која ги следела принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на нивниот пат од Лондон за Виндзор.

Кралскиот пар ѝ посакал брзо закрепнување на Ајрин Мејор која е сериозно повредена, откако во неа удрил еден полициски мотор.

Таа веднаш по сударот била префрлена во болница и е во критична состојба.

Од Кенсингтонската палата соопштуваат дека Кејт и Вилијам на повредената жена ѝ посакале брзо закрепнување и дека ќе останат во контакт со нејзиното семејство, а ѝ пратиле и цвеќе.

– Истрагата е во тек. Таа сè уште е во почетна фаза и се обидуваме да најдеме што повеќе сведоци – изјави портпаролот на полицијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...