Бројни полициски „Алфи“ и медиумски екипи се пред домот на поранешниот премиер Никола Груевски подготвени да го уапсат, откако попладнево во 16,30 часот МВР по барање на Кривичниот суд распиша потерница по него.
Алфите тропнале на вратата од станот на Груевски, на улицата Павел Шатев, но од таму никој не отворил.
Во влезот од зградата каде живее екс премиерот се и медсиумските екипи.
Инаку во станот на Груевски е темно, оттука неизвесно е дали некој е во домот на екс премиерот.
По ова полицијата влегла во станот на Груевски и го пребарала. Нема информации дали Груевски или некој од семејството е дома.
Во петокот на екс премиерот му беа одбиени жалбите за одлагање на издржувањето на казната затвор од две години за набавката на блиндираниот мерцедес. Тогаш и денеска куририте од судот не успеаа да му го достават решението на Груевски, по што следуваше ова барање за потерница.
Ако полицијата не успее да го најде до средата, можеби тогаш тој ќе го добие решението директно во судот каде треба да се појави на рочиште за предметот „Титаник“.
Според насоките во овој документ, Груевски треба да замине во затворот во Шутка веднаш по приемот на решението.