Полицискиот радар викендов фати 271 возач во Скопје

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

222

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни поврњди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...