Во 7.44 часот вчера во полициска станица било пријавено дека на местото викано ,,Чуле” на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди.
Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.
Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија. За настанот е известен и Јавен обвинител.