Скопската полиција синоќа продолжи со контролите за спречување на дивите трки на мотоциклисти во Скопје. Во периодот од 20 до 1 часот сообраќајците ги контролирале булеварот Партизански Одреди и улицата Христијан Тодоровски Карпош.
„Од извршените контроли, преземени се 135 мерки за сторени сообраќајни прекршоци, при што издадени се 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи. Исто така од страна на полициски службеници привремно се задржани два моторцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи. Едно лице е приведено поради сомнение за сторено кривично дело“ соопштија од МВР.
Од полицијата најавуваат дека со ваквите редовни контроли за дивите трки ќе продолжат и во иднина.