Полицајци спасиле деветгодишно македонско девојче на автопат во Србија

3080
ФОТО: Јелена Рафаиловиќ / Курир.рс

Сообраќајните полицајци Александар Миленковиќ и Владан Николиќ вчера му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на деветгодишната ќерка на која и се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“.

Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош.

Дека нешто чудно се случува на автопатот, пријавиле возачи кои затекнале човек со дете во рацете кој се обидувал да застане некое возило.

Кажале дека таткото бил очаен бидејќи детето умирало. Се плашеле да не ги прегази некој, раскажал Миленковиќ, кој со колегата бил на околу 500 метри подалеку и вршеле радарска контрола на автопатот.

Николиќ додал дека веднаш заминале да помогнат. Мајката го држела јазикот на детето, за да не се загуши. Очите на девојчето биле отворени, но му се гледале само белките во нив.

Реагирале молневито. Го земале целото семејство во полициското возило и тргнале кон Белград. Родителите молеле што побрзо да се стигне до брзата помош, која веќе била повикана и со која се пресретнале по пат.

Семејството имало уште две возрасни деца. Миленковиќ имал 36, а Николиќ 37 години.

ФОТО: Јелена Рафаиловиќ / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...