Во село Долно Количани-скопско, полицајци од драчевската полициската станица при обид да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото.
– Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа. Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.