На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсење на лице, за кое авторот на видеото, кое го пренесе ТВ 24, тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје.
Откако арамијата украл чанта на жена кај Соборниот храм, се обидел да им избега на двајца полицајци во цивил, по што го забележала инспекторка која тргнала по него. Тој влегол во Вардар, но не успеал да избега зошто по него влегла и полицајката по што го фатиле и го задржала од спротивната страна на кејот додека да дојдат колегите.
ОБНОВЕНО
Соопштение од МВР
На 05.07.2019 г. во 12.45 часот во Полициската станица Центар од полициска службеничка од СВР Скопје на Кеј Димитар Влахов, под мостот „Око“ бил приведен Б.Ш.(44) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин’“.
На 05.07 во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил дрска кражба и почнал да бега. При бегството во близина на Влада на РСМ на кејот на река Врадар бил забележан од полициската службеничка, но Б.Ш. скокнал во реката по што со цел да не избега по него во реката скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство.