Полицаец фатен со кокаин на патот Гостивар – Кичево

497

Вкупно осум лица се приведени за дрога во три полициски контроли завчера и вчера на наплатата станица на автопатот  Тетово – Гостивар.

Шест лица од Скопје, во две одделни контроли, се приведени вчера во период од два часа, помеѓу 20 и 22 часот, откако кај нив биле најдени наркотични средства, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 20.15 часот полициски службеници од Гостивар лишиле од слобода двајца жители на Скопје. Кај К.Н (27) и Б.Д.(23) биле пронајдени марихуана и кокаин. Два часа подоцна, околу 22 часот, на истата наплатна станица лишени од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32), сите од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана“, соопшти МВР.

Претходниот ден, на 1 август вечерта, пак, гостиварските полициски службеници привеле и нивни колега од Градец и уште едно лице, кај кои бил најден кокаин.

„Околу 19 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево полицајците при извршен преглед кај лицата В.Р.(38) од село Градец, Гостиварско, и кај  Ѓ.Ф.(47) од Гостивар нашле кокаин“, информираат од МВР.

Сите приведени лица во Полициската станица Гостивар се задржани за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...