Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против НД.(41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопштија денеска од струмичката полиција.
Како што е соопштено, полицаецот Н.Д. од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д.потоа преку командирот на полициската станица доставил барање, но заменик командирот му укажал дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата.
Пријавениот Н.Д. во канцеларијата на заменик командирот започнал на висок тон да се обраќа кон него и во еден момент го удрил во пределот на вратот.
Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.