Полицаец убил жена иако му кажала дека е бремена, пукал пет пати (ВИДЕО)

935

Американка наводно била убиена од полицаец во Тексас само неколку секунди откако го предупредила дека е бремена.

Таа била на паркинг во близина на станбена зграда, а според снимките, полицаецот ја следи додека таа му вели дека „ја малтретира“.

Според хеави.ком, полицаецот со 11-годишен стаж, ја видел жената која била позната по кривични дела.

Полицаецот пука со тејзер, пред таа да падне на земјата. Тој стои над неа, обидувајќи се да ѝ ги врзе рацете. Таа повторно се оддалечува и вика „Бремена сум!“, а потоа полицаецот пука во неа пет пати.

Полицијата наводно тврди дека жената е убиена откако го земала тејзерот и го вперила кон полицаецот.

– Се чини дека полицаецот се обидувал да ѝ стави лисици, а таа му го земала тејзерот и го вперила кон него, па заради тоа било пукано – било кажано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...