Полицаец во Русија спасил бебе од неговиот пијан татко кој сакал да го фрли од трети кат.
Немилиот настан се случил во градот Саранск.
Како што го опишуваат луѓето на социјалните мрежи, херојот успеал да му го спаси животот на петмесечното девојче така што се префрлил преку балконот на соседниот стан во тој каде што бил пијаниот татко.
Полицаецот успеал да скокне преку отворениот прозорец и да ги турне таткото и бебето на сигурно. Претходно, човекот повеќе пати се заканувал дека ќе го фрли своето дете, кое го држел за едната нога низ прозорецот.
Со истрагата се покажало дека мажот ја натепал својата сопруга пред да се заканува дека ќе го фрли бебето.
Откако спасил човечки живот, полицаецот скромно рекол дека не се смета за херој, ами оти тоа е обврска на секој кој има таква професија.
Мајката на девојчето била згрижена заедно со детето во болница, а на новинарите им кажала оти не разбира што се случило. За својот сопруг рекла дека до пред инцидентот, тој бил идеален татко.