Вчера во 15,10 часот на улицата „50-та Дивизија“ Г.С.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Шкода Јети“ сопственост на МВР, удрил и усмртил куче од раса „хавенезер“, сопственост на М.К.(57) од Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот, а МВР информира дека е известен и Одделот за внатрешна контрола со цел расчистување на случајот.